Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ денеска ги осуди заканите упатени до актерската двојка Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, како и до нивните деца, поради нивната поддршка за протестите „Србија против насилството“.

Како што јави телевизијата N1, Гојковиќ во своето гостување на телевизија Прва апелираше до полицијата и обвинителството што поскоро да ги пронајдат сторителите.

Апелирам до полицијата и обвинителството што поскоро да ги најдат сторителите и да ја информираат јавноста за тоа кој си дал дозвола на ваков начин да ги навредува и да им се заканува на децата, рече министерката.

Таа ги осуди и навредите на актерите кои не ги поддржуваат протестите, ниту се согласуваат со политиката на опозицијата.

Морам да реагирам и на моментот кога беа навредувани и омаловажувани Светислав Гончиќ, Растко Јанковиќ, Лазаr Ристовски и многу други актери кои не се согласуваат со политиката на опозицијата кои решија да поддржат одредени политички протести. Никој не реагираше кога еден од членовите на опозицијата упадна на прес-конференцијата на Белградскиот драмски театар и кога Милош Биковиќ беше нападнат од опозициски политичар, рече Гојковиќ.

На прашањето за коментарите на барањата на актерите учесници на протестите да им се обезбеди заштита, министерката истакна дека е „против остри зборови“ и повторно ја покани актерската фела да дојде на разговор во Министерството.

Секако дека сум против употреба на остри зборови, навреда на некого и мој апел е тоа да престане од сите страни“, рече министерката.

Таа апелираше до пратениците во српското Собрание да престанат да користат груби зборови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.