Српска државјанка е ранета во денешниот терористички напад во Истанбул, потврди министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Во денешната експлозија во Истанбул е ранета наша државјанка. Станува збор за туристката Драгана Ристиќ од Ниш. Таа е надвор од животна опасност и е во болница, каде ќе биде оперирана, бидејќи ја погодиле шрапнели во рамото, изјави министерот Дачиќ за српски „Курир“.
Засега, пак, како што наведува Дачиќ, нема официјална информација од Истанбул.
Ова е информација од нашите туристи кои беа на лице место и стапија во контакт со нашиот генерален конзулат, кој ќе им пружи помош на сите наши граѓани. Генералниот конзул Ивана Пејовиќ е во постојан контакт со ранетата Ристиќ. Ќе ја информираме јавноста за сите нови детали и развојот на ситуацијата, додаде Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.