Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека по апсењето на криминална група од Врачарци од Белград, опасноста по животот на српскиот претседател Александар Вучиќ не поминала бидејќи, како што рече, „мозоците се уште се на слобода“, јави дописникот на МИА од Белград.

Ја исполнивме нашата главна цел затоа што го одбранивме животот на претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство, а не верувам дека Радоје Звицер и Никола Вушовиќ се сами, бидејќи кој знае кој се уште е таму, изјави премиерката Ана Брнабиќ на ТВ Прва.

Таа посочи дека имала сознанија за планирањето на убиствата и дека претходно зборувала за тоа и додаде дека медиуми и група аналитичари кои ја исмевале, биле платени од српски тајкуни.

Тоа дополнително отвори простор за такво нешто да се интензивира и дополнително беше неодговорно. Дали сега можеме да слушнеме барем едно извинување, да покажеме дека се одговорни за тоа што го кажале, рече Брнабиќ.

Таа им се заблагодари на припадниците на српските безбедносни служби бидејќи успешно го заштитиле претседателот и неговото семејство.

За жал, морам да кажам дека опасноста по животот на претседателот не помина. Сторителите се на слобода и надвор од дофатот на службите, рече Брнабиќ.

Таа оцени дека оној кој сака да ја дестабилизира Србија и да ја врати во минатото, „најлесната опција за ова е да работи за главата на Вучиќ“.

Срамота е кога некој ќе праша зошто не направивме ништо, а имавме информации – па така и направивме. Го спасивме животот на Вучиќ и неговото семејство. Тоа е континуирана борба, рече српската премиерка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.