Сребрени монети со ликот на српскиот крал Милутин се пронајдени среде Сплит. Откриени се  при археолошките ископувања во местото Мануш, а кованицата е од на крајот на 13 и почетокот на 14 век, што е доказ дека српските кралеви владееле со овие простори.Се работи за сребрен динар на Стефан Урош II Милутин (1253-1321) на кој се читаат буквите ВРОСИ (Урош).

На лицето на монетата, на престолот е прикажан Христос со евангелието во раката, додека на задната страна се ликовите на свети Стефан, заштитникот на семејството Немањиќ и српскиот крал заедно држат транспарент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.