Родена во Бјелина, се заљубила во фризерството и шминката, а потоа како на филм станала дел од личното обезбедување на либискиот владетел Моамер Гадафи. Вака накратко изгледа приказната за Србинката Дијана Стевановиќ

Еден ден, една девојка која како близок соработник била вработена во резиденцијата на семејството Гадафи, доаѓа во нејзиното студио да ја среди косата. Г-ѓа Сафија Фаркас Гадафи, воодушевена од новиот стајлинг што го виде на неа, инсистира да се сретне со креативниот стилист. И така започна се, пишува bijeljina.org.

– Г-ѓа Фаркаш преку своите луѓе инсистираше да се сретнеме. Со оглед на тоа што не ми кажаа кој всушност ми се јавува, туку само дека се работи за ВИП личност, бев скептична и претпазлива и не сакав да се согласам. По неколку инсистирања, но и кога ми кажаа кој е, се согласив. Многу брзо се најдов во резиденцијата каде што ја разубавував косата на првата дама на Либија. Покрај мојата професионална работа, г-ѓа Фаркаш беше воодушевена и од моето одлично познавање на арапскиот јазик – рече Дијана.Кога првпат го видов Гадафи, рацете ми се тресеа толку многу што не можев да му ја скратам косата. Оттогаш секој втор ден одела во претседателската резиденција каде живеело семејството Гадафи.Се исплашив кога Гадафи ми понуди да бидам негово лично обезбедување.

Потоа се случи нов пресврт – во еден момент и самиот Гадафи и кажа дека започнуваат нова обука за безбедност и дека би сакал таа да стане дел од тој тим.

– Дојдовме од патување кое траеше околу 12 дена, се сместивме во резиденцијата и добив повик да контактирам со газдата, беше во текот на ноќта, околу една и пол. Мислев дека нешто се случи. Дојдов во канцеларија и ми рече – седни да разговараме, треба да има нова обука за безбедност, би сакал покрај ова што веќе го работиш да се префрлиш на обезбедување. Бев малку шокирана – вели Дијана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.