Апелацискиот суд во Ниш ја потврди првостепената одлука на Високиот суд, со кој се одбива екстрадиција на поранешниот украински разузнавач Андриј Наумов во Украина.

Оваа одлука на правосудните органи на Србија да не го екстрадираат Наумов во Украина е правно обврзувачка, потврдиле за Радио Слободна Европа (РСЕ) во Апелацискиот суд во Ниш.

Украина испрати барање до Србија за негова екстрадиција во средината на октомври 2022 година.

На 6 јули, Високиот суд во Ниш донесе одлука со која ја отфрли претставката на Украина, а Апелацискиот суд ја потврди таа одлука на 29 септември.

Наумов се спротивстави на екстрадицијата во Украина, тврдејќи дека неговата безбедност во тој случај ќе биде загрозена.

Поранешниот украински разузнавач беше уапсен на почетокот на јуни 2022 година на територијата на Србија на граничниот премин Прешево кон Македонија заедно со германскиот државјанин Александар Акст, кај кого беа пронајдени повеќе стотици илјади евра.

Полицијата тогаш соопшти дека парите и дијамантите ги пронашла при преглед на автомобилот и дека „се сомнева дека потекнуваат од криминални активности“.

Според правниот застапник, Наумов ги негира наводите од истрагата и тврдеше дека тоа се негови лични пари. Србија го сомничи за перење пари и во тој случај води посебна постапка.

Со одлука на Вишиот суд во Ниш на 29 септември, Наумов за тоа дело првостепено е осуден на една година затвор. Правосилна пресуда во таа постапка треба да донесе и Апелацискиот суд во Ниш.

Како што е потврдено за РСЕ, Наумов е во притвор од неговото апсење во јуни 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.