Божидар Спасиќ, поранешен припадник на Службата за државна безбедност на три дена пред годишнината од атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ тврди дека пред самото убиство имало многу информации дека тоа ќе се случи и дека државните структури не биле навремено и сериозно ангажирани.
Спасиќ ја изнесе информацијата дека 15 дена пред убиството на Зоран Џиниѓиќ укажал на опасноста што ја претставува Милорад Улемек Легија.
– Само 15 дена пред убиството дадов интервју за подгоричкиот весник „Дан“ и го кажав следново: Уапсете го Легија ќе направи зло! Да ме слушаа тогаш, Легија сега ќе беше дома со децата, а Зоран Ѓинѓиќ ќе си играше со внуците – тврди Спасиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.