Менексе Табак, 70-годишна жена е спасена од под урнатините на зграда во Кахраманмарас, на југот на Турција, дури 122 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди овој регион, јавува Анадолија.
Спасената Менекше Табак по долги напори на спасувачките екипи е извлечена од под урнатините, а потоа пренесена во болница.
Кога жената била спасена, одекнал голем аплауз од сите кои учествувале во спасувањето.
АФАД, турската организација за одговор при катастрофи, соопшти дека по двата разорни земјотреси во Кахраманмарас, регистрирани се 1.666 последователни потреси.
Повеќе од 24.000 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, објавија официјални извори на двете земји, а пренесе Си-Ен-Ен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.