Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу изјави дека по стапувањето во сила на визната либерализација, можно е околу половина милион жители на Косово годинава да заминат во земјите од Западна Европа.
Спахиу за агенцијата „Бета“ изјави дека мнозинството жители на Косово ќе се обидат да најдат работа на Запад, но и дека многумина ќе заминат поради страв од војна.
Речиси секое семејство од Косово има барем еден член што живее и работи на Запад. Во Косово платите се многу ниски, а невработеноста е висока, па многу млади луѓе својата иднина ја гледаат во развиените земји од Западна Европа, рече Спахиу.
Тој рече и дека визната либерализација ќе предизвика пресврт во Косово. Заминувањето на голем број млади ќе влијае на косовското општество во многу области. Се очекува значителен број пензионери да го напуштат Косово и да заминат да живеат со своите деца на Запад, посочува аналитичарот.
Покрај социјалните и економските причини, смета Спахиу, многумина ќе го напуштат Косово и поради стравот од војна.
„Стравот од војна ќе постои додека целосно не се спроведе француско-германскиот план. Поради стравот од војна, значително помалку луѓе дојдоа во Косово од Запад за новогодишните празници отколку претходните години“, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.