Сопственикот на стрелиштето призна дека дал лажен исказ во истрагата за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Откако на главниот претрес пред Високиот суд во Белград на 21 јуни 2024 година доброволно повлекол лажна изјава во своја одбрана, тамошното Вишо јавно обвинителство склучило договор за признавање на кривично дело со претседателот и одговорното лице на спортскиот клуб „Партизан Практично стрелање“ .
Обвинетиот признал дека сторил кривично дело давање лажен исказ и врз основа на овој договор ќе му биде изречена казна затвор од пет месеци кои ќе ги издржува во просториите каде што живее, односно во куќен притвор.
Исто така, според договорот, обвинетиот ќе ги плати трошоците на кривичната постапка во висина што ќе ја определи судот.
Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на судската одлука што ќе биде донесена врз основа на овој договор. Договорот ќе биде доставен до Вишиот суд во Белград на одлука за потврда.
Според оценката на Вишото јавно обвинителство во Белград, обвинетиот дал вистинит исказ на главната расправа пред Вишиот суд во Белград на 21.06.2024 година, што е во согласност со другите предложени докази.
Во Вишиот суд во Белград, во тек е кривичната постапка против таткото и мајката на момчето Коста Кецмановиќ кое на 3 мај 2023 година уби девет деца и училишниот чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.