Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе обвинителен акт против Вељко Беливук, неговата сопруга и свекрва, Марко Миљковиќ и неговата сопруга, како и Филип Ивановски и неговата невенчана сопруга, обвинувајќи ги дека сториле кривични дела од 2015 до 2020 година.

Во обвинението се предлага трајно одземање на имот – повеќе недвижен имот на територијата на Белград и Панчево, поголем број скапи возила и рачни часовници, како и готовина.
Според неофицијални информации, меѓу недвижниот имот што го купиле имало и три парцели во белградската населба Крњача.

Миљковиќ рекол дека се што има купил со парите што ги добил на свадбата, кога се оженил со сопругата Тања, додека Беливук рекол дека се заработил со чесна работа . Миљковиќ беше прашан со кои пари ја изградил вилата на улицата Чачанска во Звездара, која во таа населба ја нарекуваат „мала Шилерова“, а тој тврдеше дека во неа ги вложил и парите што ги добил на подарок од свадбената веселба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.