Сопругата на косовскиот премиер Албин Курти како експерт е ангажирана да работи на санација на состојбата во една од најголемите српски државни фирми „ЕПС-електро привреда Србије“.
Оваа компанија веќе подолго време е во лоша финансиска состојба и потребна е реконтрукција и саанција. ЕПС ќе стане акционерско друштво со надзорен одбор а овој процес го раководи консталтинг фирма од Норвешка на чие чело е верувале или не Рита
Аухестад Кнудсен, сопруга на Курти. Таа е родена норвежанка и е во брак со косовскиот премиер.
Зборувајќи за својата сопруга, Курти зпроговори за моментот кога се запознале.
– Мислам дека животот е донекаде мистериозен и не знаеме каде ќе не одведат брановите. Така ја запознав сопругата во Приштина и излезе дека сум задоволен од тоа каде ме одведоа брановите. Немаме „газда“ во семејството, но имаме некаква самоуправа – изјави Курти во интервју за косовските медиуми.
Во официјалната биографија на Рита може да се забележи дека таа тесно се занимава со проценка на ризикот поврзан со тероризмот, екстремизмот, радикализацијата, но и меѓународното право на Косово. Ова е особено интересно ако се земе предвид дека Курти во 2000 година беше осуден за тероризам и уништување на територијалниот интегритет на СРЈ.
Рита и Албин имаат ќерка која живее со нејзината мајка во Норвешка.
– Ќерка ми зборува и албански и норвешки јазик. На почетокот зборував со Рита на англиски, што и беше чудно, но денес таа ги зборува двата јазика. Таа подобро зборува албански отколку јас норвешки – објасни Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.