Асен Василев ќе биде кандидатот за премиер кој „Продолжи со промените“ ќе предложи да ја предводи евентуалната нова влада на Бугарија со мандат од партијата во актуелниот парламент. Ова го соопшти бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков.
Петков најави дека има неоспорна доверба во Асен Василев. „Со него рамо до рамо ја почнавме борбата и со него ќе ја завршиме во еден тим, заедно со сите членови на ‘Продолжуваме со промените’, со сите коалициски партнери и сите истомисленици“, рече и Петков.
Василев досега беше вицепремиер и министер за финансии на Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.