Единствениот српски кандидат за градоначалник на денешните вонредни локални избори во северно Косово, Слаѓана Пантовиќ, излезе на гласачко место за да го искористи своето право на глас. Како што пишуваат српските медиуми, кандидатката за градоначалник на Звечан, е една од малкуте гласачи, затоа што Србите ги бојкотираат овие избори.

Во Косово денеска се одржуваа локални избори во четири општини населени од Срби. Од десет кандидати, колку што се пријавени за градоначалници, само Пантовиќ доаѓа од српската заедница.

Таа на гласање дојде со полициско присуство.

Србите ги бојкотираат изборите бидејќи Приштина одби да го исполни ветувањето за формирање на Заедница на спрски општини.

Патновиќ изминатиов период покажуваше дека има пријателски односи со премиерот на Косово, Албин Курти, а изразуваше критички однос кон Српска листа и кон Владата во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.