С.Ј. (50) од Злот е уапсен откако признал дека со колега ја убиле Данка Илиќ (2) во службено возило, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија на Старата бањска улица.

Како што дознава „Блиц“, во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден е идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.

Стоeлa на сред пат, со полна брзина налетаа на неа. Излегле надвор, наместо да и помогнат, ја ставиле во багажникот. Го однеле детето до депонијата и го фрлиле таму.

Прво го закопале со ѓубре, за да не се забележува, а потоа отишле и се договориле темелно да го исчистат автомобилот со киселини и хемикалии за да се отстранат трагите од крв. Со форензичка анализа и употреба на специјални светилки утврдиле траги од крв. Подоцна било утврдено дека нејзината крв е на Данка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.