Тројца нови сведоци ќе бидат сослушани на 5 јули во случајот на исчезнатата/убиена Данка Илиќ, потврдија за српските медиуми од Вишото јавно обвинителство Заечар.

Тие ќе бидат сослушани во врска со истрагата против осомничените Дејан Д. и Срѓан Ј.. Неофицијално, еден од нив е државјанин на Бор, додека другите двајца се жители од Брестовачка бања

Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во овој случај за убиството на девојчето, осомничен е и таткото на Дејан Д. поради сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.