Во екстрадиционен притвор се наоѓа Хрватот Данијел Иванагиќ кој се бараше со меѓународна потерница, а е осомничен во истиот случај каде е и ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Иванагиќ, управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“ од кое според Обвинителството, Зеќири нарачал физибилити-студија, е упасен во Словенија. Според информациите, тој бил задржан на граничен премин, кога се обидел од Хрватска да влезе во Словенија.

За Иванагиќ беше распишана меѓународна потерница, што и натаму е активна за Денис Фудуриќ, основач на фирмата каде Обвинителството тврди дека Зеќири исплатил пари, без да ја избере на тендер.

Судија на претходна постапка, по барање на обвинителката Катерина Коларевиќ, одреди притвор за Иванагиќ пред три месеци, кое треба да биде спроведено по неговото пронаоѓање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.