Компанијата Атлантик Штарк д.о.о и дистрибутерот Атлантик Брендс д.о.о. повлекуваат неколку производи од пазарот поради можност за присуство на туѓо тело.

Според нивното соопштение, се повлекуваат следните производи, меѓу кои се и слатките како што се бисквитите „Најлепше жеље“:

COOKIES NOISETTE 145G, серија 1207483391, со рок на употреба 05.08.2025 година.
COOKIES NOISETTE 145G, серија 1207483392, со рок на употреба 08.05.2025 година.
cookies bar noisette, 32 g, серија 1207483511, со рок на употреба 08.05.2025 година.
Колачиња какао кокос, 220 гр, серија 1207483491, со рок на употреба 08.05.2025 година.
Колачиња од какао кокос, 220 гр, серија, 1207483492, со рок на употреба 08.05.2025 година.
Бисквити прелив од какао 220гр, серија 1507482841, со рок на употреба 11.05.2025 година.
Бисквити прелив од какао 220гр, серија 1507482842, со рок на употреба 11.05.2025 година.
NŽ COOKIES NOISETTE 145G, серија 1507483391, со рок на употреба 11.05.2025 година.
COOKIES NOISETTE 145G, серија 1507483392, со рок на употреба 11.05.2025 година.

Го повлекуваме производот поради можност за присуство на туѓо тело, се наведува во соопштението. При одлучувањето за отповикување, се водиме од високи стандарди за квалитет, како одговорна компанија која пред се се грижи за заштитата на потрошувачите, со цел одржување на високо ниво на доверба во безбедноста и квалитетот на нашите производи. Ги покануваме потрошувачите кои ги купиле споменатите производи за да ги вратат во продажното место, каде што ќе добијат рефундирање или ќе договорат замена на производот, исто така, сакаме да потврдиме дека ја гарантираме безбедноста и квалитетот на сите други производи на пазарот, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.