Намалување на рејтингот на СИРИЗА за 2,5 отсто во споредба со минатата анкета, пад на третата позиција зад ПАСОК, песимизам за иднината на партијата и разочарување од иницијативите на новиот лидер Стефанос Каселакис, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Поголемиот дел од анкетата е посветен на случувањата во најголемата грчка опозициска партија, меѓутоа е спроведена пред заминувањето на втората фракција од СИРИЗА.

Шест од десет анкетирани сметаат дека ситуацијата во партијата ќе биде „многу или малку полоша“ и „веројатно“ или „сигурно“ негативно ги оценуваат иницијативите на лидерот.

Во однос на распоредот на силите, Нова демократија е прва со 33 отсто, ПАСОК е на втората позиција со 13 проценти, СИРИЗА трета со 12,5, а потоа следат Комунистичката партија и Грчко решение.

Истражување на агенцијата „Pulse“ за телевизијата „Скај“, било спроведено од 19 до 21 ноември со анкетирани 1.112 лица со право на глас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.