СИРИЗА недвосмислено го осудува новото прекршување на Договорот од Преспа од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и мандатар за премиер на Република Македонија, господинот Мицкоски и ја повикува Владата на Мицотакис конечно да ги преземе предвидените дејствија, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Во соопштението од СИРИЗА велат дека „сакаат да го потсетат ВМРО дека континуираните прекршувања на Договорот од Преспа носат и предвидени санкции“, додавајќи дека целосното усогласување со Договорот „е неопходен услов за членство на Македонија во ЕУ“.
Паралелно од актуелната грчка Влада бараат „веднаш да го интернационализира прашањето со тоа што новото раководство на Македонија ќе биде соочено со своите одговорности пред меѓународната заедница од моментот кога ќе продолжи да го прекршува Договорот“.
-Навистина е жален фактот што Нова демократија и ВМРО, двете сестрински партии во ЕПП, се обидуваат, за да привлечат националистичка публика, да го торпедираат Договорот кој е пресвртница за сите народи на Балканот. Владата на Нова Демократија сноси тешка одговорност за оваа нова штета што ја нанесува на националните интереси, во име на својата неодговорна надворешна политика, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи, пишува во соопштението од СИРИЗА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.