Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади добива сериозни закани бидејќи во оваа установа е сместен Коста К. (13), кој во средата со пиштолот на татко си уби осум деца од основното училиште „Владислав Рибникар“, како и училишниот чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја.

Како што јавува српскиот печат, поради честите закани што ги добива оваа институција, зголемено е обезбедувањето пред клиниката.

Со оглед на тоа што Коста К. нема наполнето 14 години, тој не одговара кривично и сега е во специјалното детско одделение.

Од она што досега е познато, утврдено е дека момчето планирало масовно убиство веќе еден месец, а со прегледувањето на неговиот телефон потврдено е дека свесно го извршил масовното убиство бидејќи непосредно пред кривичното дело на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата можат кривично да одговараат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.