Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала ја погоди Ријека. ЕМСЦ најпрвин објави дека епицентарот бил во близина на тој хрватски град, но потоа се поправиле и напишале дека е во Словенија.

Земјотресот се случил околу 19 часот и 30 минути. Најпрвин беше објавено дека јачината на земјотресот е 4,4 степени според Рихтеровата скала, но потоа излезе корекција на информацијата и беше објавено дека се уште е четири степени.

Сепак, без оглед на новите информации, Ријека навистина се тересела и тоа доста силно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.