„Преспанскиот договор и улогата на Алексис Ципрас и Зоран Заев и неговите тимови се историски. Решија проблем кој на граѓаните им обезбеди мирно решение и отворија просперитет за идните генерации, но ЕУ не испорача почеток на преговори со Cеверна Македонија заради политичкото предавство на Франција“, истакна Мартин Шулц, претседател на Фондацијата Фридрих Еберт.

Поранешниот претседател на Европскиот Парламент имаше видео обраќање на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина по повод 6 години од Преспанскиот договор во организација на Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев.

„Двете држави постигнаа историски договор, а јас бев засрамен што ЕУ не испорача, како што беше ветено, дека ќе ги започне преговорите со Cеверна Македнија штом ќе се потпише договорот“, истакна Шулц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.