Новинарските синдикати на РТВ Словенија денеска со 24-часовен штрајк ќе ги засилат протестните активности против раководството назначено од претходната влада.
Штрајкот првично беше планиран на 24 јануари, но беше одложен откако раководството понуди интензивирање на преговорите. Штрајкувачкиот комитет соопшти дека е подготвен да преговара, но нема да ги запре плановите за штрајк.
Во координацијата на новинарски синдикати на РТВ Словенија одлучено е повторно да се активира штрајкот, бидејќи сè уште не се исполнети причините за негов прекин.
Во исто време, штрајкот се интензивира поради двете неодамнешни судски одлуки, во кои се наведува незаконското назначување на директорот на РТВ Словенија, Андреј Грах Ватмоф (моментално вршител на должноста директор) и незаконското разрешување на поранешната директорка на Телевизија Словенија, Наталија Горшак.
Според синдикатите, одлуките на Судот само ги потврдуваат незаконското и непрофесионално постапување на раководството на РТВ Словенија.
Вработените кои ќе одлучат да се приклучат на штрајкот ќе штрајкуваат на своите работни места со прекин на работата. Претставниците на штрајкувачите потпишаа договор со раководството на РТВ Словенија за да се обезбеди минимален работен процес.
Пред зградата на РТВ Словенија се планирани два собири. Првиот ќе се одржи во 12 часот. Вториот, на кој се поканети и поддржувачите на штрајкувачите ќе почне во 17 часот.
– Се продлабочува притисокот врз новинарската автономија, продолжува и се зголемува самоволното и непрофесионално мешање во програмите и содржините, се прекршуваат програмските и професионалните стандарди, продолжува нетранспарентното екипирање, а медиумите се финансиски оптоварени, угледот на јавниот сервис е уништен, работните услови во РТВ се влошува, а јавниот интерес е сè позагрозен, се наведува во соопштението од Координацијата на синдикатите, додавајќи дека тоа се причините поради кои новинарските синдикати не отстапуваат од своите барања за штрајк.
Координацијата на новинарските синдикати во РТВ Словенија ги наведе меѓу барањата професионално и етичко одлучување, оставка од „незаконското раководство“, достоинствени и безбедни услови за работа, како и пристојна плата за сите вработени во РТВ Словенија.
Синдикатите предупредуваат дека „сите вработени се соочуваат со влошување на условите за работа, нашата работа и уметниците се помалку се ценат, а поради непрофесионалните потези на раководството и падот на угледот на јавната институција, ние вработените стануваме и предмет на јавно незадоволство. Раководството избегнува свои одговорности и е поддржано во своите незаконски, незаконски и непрофесионални постапки од страна на Програмскиот и од Надзорниот одбор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.