Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека ако Босна и Херцеговина не може да функционира треба да се пристапи кон мирно раздвојување.
– Доколку БиХ се покаже како невозможна земја, единствено можно е мирно раздвојување и да и да се обидеме да живееме како добри соседи, наведе Додик.
Според него, терминот отцепување е насилно одвојување на територија без волја на другите, а тој бара мирното одвојување да биде и волја на другите.
– Во БиХ сè е поделено и невозможно е, без оглед на сите медиуми и други спинови, обиди и убедувања, да се создаде нешто уникатно. Не е можно да се создаде тоа единство. Така што таа ентитетска граница, што е поставена, е дефинитивна граница. Само еден ден ќе биде официјално прогласена, наведе Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.