Денеска претсадателот на Србија Александар Вучиќ официјално побара српските сили да се вратат на Косово.Тој меѓу другите договори за кои побара меѓународната заедница да ги почитува го наведе и Договорот од Куманово од 1999 година.

Тој договор се викаше Договор за воено-техничка соработка  кој го означи крајот на бомбрдирањето на Србија од страна на НАТО.

Договорот го потпишаа генералот на југословенската армија Светозар Марјановиќ, полицискиот генерал Обрад Стевановиќ и британскиот генерал Мајкл Џексон.

Најважните одредби од договорот 

Престанок на непријателствата меѓу силите на НАТО со силите на тогашната југословенската армија и српската полиција.

Повлекување на југословенската армија и полицијата на Република Србија од територијата на Косово и Метохија.

Воспоставување на безбедносна зона од административната граница со Косово и Метохија на територијата на Република Србија и Република Црна Гора, поточно 5 km на копно и 25 km во воздух.
Обврската на силите на КФОР да ја разоружаат УЧК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.