Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле денеска во телефонски разговор со претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека е неопходно да се избегнат провокации и конфликти во Косово.

Како што соопшти Претседателството на Србија, Шоле рече дека е неопходно „да се избегнат провокации и конфликти, како и дека е важно да се продолжи со работа на нормализација, поддржувајќи го бриселскиот дијалог“, пренесува Бета.

Вучиќ рече дека Србија останува посветена на политиката на мир и соработка во регионот и додаде дека српско-американските односи се развиваат во добра насока, особено на полето на економската соработка, за што сведочи растот на трговската размена.

Српскиот претседател додаде дека денеска е воспоставен лет на „Ер Србија“ меѓу Белград и Чикаго, што дополнително ќе ги зајакне српско-американските врски, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.