Мајката на Коста Кецмановиќ кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград се обратила до институциите со барање да се реши прашањето за дообразувањето на нејзините две деца. Милјана во писмото со ниту еден збор не го спомнала масакрот во „Рибникар“, туку апелира за помош наведувајќи дека ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство е сложена, објави „Блиц“.
Во писмото кое, според „Блиц“, е многу кратко, мајката наведува дека „прашањето за задолжително основно образование за нејзините деца е отворено“. Таа напоменува дека нејзината помала ќерка, која учела во истото училиште, не може да го продолжи образованието во „Рибникар“, а нејзиниот син е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади. Барањето го испратила пред неколку дена.
Според Блиц, момчето убиец нема да биде пуштено од Клиниката, а неговата доедукација ќе се одвива според прописите. Бидејќи основното образование во Србија е задолжително со закон, индивидуалната настава ќе се посетува онлајн, според условите за хоспитализираните деца.
Во текот на неделата треба да се знае дали ќе има одредени промени, како и каков точно ќе биде моделот на школување на момчето кое уби девет негови врсници и еден чувар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.