Светските разузнувачки служби се сомневаат дека Шкаљарскиот клан планира напад на Тамара Звицер, сопругата на Радоје и да се одмазди за ликвидацијата на Јован Вукотиќ.

По убиството на Јован Вукотиќ  полицијата добила информација дека членови на неговиот клан подготвуваат одмазда. Според информациите на безбедносните служби, постои сомневање дека соработници на починатиот Вукотиќ планираат напад врз Тамара Звицер која живе во Киев.

На првата дама на кавачкиот клан и е доделено обезбедување веднаш по смртта на Вукотиќ.
Кога турските медиуми објавија дека е убиен Вукотиќ Тамата на социјалните мрежи објави видео од забава како  слави со огномет и песната „Суде ми“. Многумина таа акција ја протолкуваа како исмејување на смртта на Вукотиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.