Воислав Шешељ се повлекува од политиката, изјави тој за порталот Б92. Шешељ вели дека на следните избори партијата ќе ја води друг претседател.

Сега сум во прилично лоша состојба. На новите избори најверојатно партијата ќе ја води нов претседател. Не се чувствувам добро, а српскиот народ веќе двапати ме отфрли на изборите и тоа го видов како крајно време за да се повлечам, изјави Шешељ за порталот „Ало“.

Запрашан дали мисли дека има притисок од странски амбасади да не биде во парламентот по пресудата од Хаг, Шешељ вели дека размислувал за тоа, но нема докази за таква теза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.