Водачот на СРС, Воислав Шешељ, тврди дека Звездан Јовановиќ не го убил премиерот Ѓинѓиќ, дека и под тешки тепања не сакал да го признае делото. Како прилог на тезата за невиноста на Јовановиќ, Шешељ вели дека овој припадник на ЈСО не бил обучен за снајперско пукање.

Како што вели, Ѕвездан Јовановиќ во никој случај не сакал да го признае убиството додека не му била покажана фотографија од семејството. Затоа Јовановиќ, тврди Шешељ, потпишал лажно признание.

– На распитот му донесоа фотографија од потесното семејство и тој рече дека ќе потпише што и да побараат – рече Шешељ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.