Шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на Соединетите Американски Држави Вилијам Бернс денес во Приштина имал кратка средба со претседателката на Косово Вјоса Османи, на која бил и шефот на косовската разузнавачка агенција Петрит Ајети.
Бернс потоа отишол во американската амбасада. Приштинските медиуми ги истакнуваат силните мерки на безбедност при доаѓањето на Бернс од аеродромот и за време на посетата на косовското претседателство.
Бернс на Косово допатува по посетата на Босна и Херцеговина и Србија.
Ни за време на тие посети немаше официјални соопштение, ниту информации за јавноста.
Претходно американската амбасада во Приштина не го потврди доаѓањето на Бернс на Косово, а тоа не го потврдија ни кабинетот на Османи ни косовската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.