Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова по владината седница информираше дека Бугарија е подготвена да пружи рака за почнување на конструктивен дијалог со Република Македонија.

Бориславова уверува дека бугарската позиција ќе продолжи добро да се брани и аргументира, а постојната рамка ќе се надградува со формирање на пет работни групи кои ќе разговараат на конкретни теми.

Таа посочи и дека подготовката и организацијата на овој процес е причина за посетата на Скопје на советничката за надворешна политика на премиерот Петков, Весела Чернева на 2 јануари.

Бугарската Влада на редовната седница разреши девет регионални управители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.