Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое му забранува на Владимир Кецмановиќ, таткото на Коста, да располага, отуѓува и оптоварува со недвижниот и движен имот чиј сопственик е. Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило.

Според неофицијални информации на српските медиуми, оваа одлука доаѓа откако семејството на тринаесетгодишникот минатата недела му дало полномошно на нотарот целиот имот на нивно име да го пренесе на роднини.

Кога семејствата на жртвите го дознале ова решиле да поднесат предлог за овие привремени мерки. Претходно беше соопштено и дека семејствата на убиените деца решија да поднесат приватни тужби против таткото и мајката.

Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.