Хрват кој за пречекот на Новата година се веселел со истрели во воздух ја оставил целата населба без струја. Хрватските медиуми јавуваат дека жителите на населбата Пишкоровец во Меѓимурје останале повеќе часови без струја бидејќи пиштолџијата оштетил електричен кабел од нисконапонската мрежа.

Полицијата веднаш го пронашла мажот и одземено му е оружјето. Настрадани, за среќа нема, но на многумина им пропаднала забавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.