Центар на новогодишната забава во регионот годинава беше Белград. Илјадници туристи од регионот решија продолжениот викенд да го поминат во главниот град на Србија и да бидат сведоци на најспектакуларниот огномет. Некои велат, поспектакуларен и од огнометите во Дубаи.

Дочекот на Новата 2022 година во Белград беше организиран пред Народното собрание и на шеталиштето Сава. Главни гости на новогодишната прослава беа Горан Бреговиќ и Бјело дугмe, кои одржаа концерт во Белград на вода. Но, сепак, регионот пишува за огнометот.

За пречекот во Србија извести и Вечерњи со текст со наслов „Огномет подобар од Дубаи, најдобар досега“.

Големиот огномет беше организиран со ласерска проекција, а беше проследен и со музика специјално составена за овој настан.

Спектаклот на небото на Белград траеше цели осум минути. Одбројувањето до Новата година се одржа кај Белградската кула.

На социјалните мрежи се појави досега невидено и дефинитивно најдобро видео од огнометот во Белград.

Огнометот се пукал од дури 250 позиции. Целиот настап беше проследен со музика специјално составена за оваа пригода.

Сето ова чинело 42 илјади евра
Секретаријатот за одбрана и вонредни состојби во Белград купил над 13.000 чаури за огномет, кои ги платил 5 милиони динари (околу 42.500 евра), според Решението за доделување на договорот. Како што соопшти Нова економија, одлуката е донесена два дена пред новогодишната прослава, на 29 декември.

Набавени се над 11.000 кутиски батерии (поединечни патрони), како и неколку стотици други видови огномети и пиротехнички средства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.