Вчеравечер се урна рингишпил Во Добој, северна Босна и Херцеговина, во Паркот на народни херои, при што беа повредени децата кои се наоѓаа на него, пренесе босански Фактор.
Четири деца се повредени, а нивните родители ги пренеле на раце во блискиот Здравствен дом.
Екипите за итна помош пристигнале за 2-3 минути, но родителите веќе ги однеле децата.
На местото на настанот имало и полицајци кои заедно со родителите под конструкцијата на рингишпилот извлекле повредени деца.
Сите деца биле свесни. Нивните животи не се во опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.