Хеликоптер, кој веројатно учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, јави дописничката на МИА од Атина.
Според првичните информации станува збор за изнајмен хеликоптер од типот Ми-8 со тројца или четворица членови на екипажот.
Веќе е започната спасувачка акција за пронаоѓање на членовите на екипажот.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.