Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера зборуваше во емисијата Кристијан Аманпур на Си-Ен-Ен.

Аманпур е позната американска новинарка која стана позната по известувањето за воените настани на територијата на поранешна Југославија.

Таа стана ѕвезда на Си-Ен-Ен пред се поради нејзиното покривање на меѓународните конфликти и известувањето од првата линија на фронтот, правеше интервјуа со бројни светски лидери, но често беше и критикувана за нејзиното известување, бидејќи беше обвинета дека е пристрасна.

Како што рече за N1, како млада новинарка ја научила својата прва животна лекција за вистинско човечко страдање во Босна и Херцеговина.

Таа е родена на 12 јануари 1958 година во Лондон.Нејзиниот татко е Иранец по име Мухамед, директор на авиокомпанија, а нејзината мајка е Англичанка Патриша.Во Иран, семејството Аманпур водело удобен живот под власта на Мухамед Реза Пахлави.Основното образование го добила во Иран, а потоа на 11-годишна возраст семејството ја испратила во интернат во Англија.

Во 1990 година, таа ја покрива ирачката окупација на Кувајт и последователната војна во Персискиот Залив.

Неколку години подоцна, таа се преселила на Балканот, каде што почнала да известува за војната во Босна.

За време на опсадата на Сараево поради емотивните извештаи што ги испраќаше од таму, гледачите и критичарите ја доведуваа во прашање нејзината професионална објективност, наведувајќи дека многу од нејзините извештаи биле неправедно пристрасни во корист на босанските муслимани, на што таа одговори:

 

„Во некои ситуации едноставно е невозможно да се биде неутрален, бидејќи ако си неутрален, тогаш си соучесник. Да се ​​биде објективен не значи да се третираат сите страни на ист начин, туку да се даде еднаква можност на сите страни да го кажат своето“.

Во јуни 2021 година, зборувајќи во живо на ТВ програма, Аманпур им кажа на гледачите дека била подложена на успешна операција за отстранување на ракот на јајниците и дека се соочува со неколкумесечна хемотерапија.

Беше во брак со американскиот дипломат Џејмс Рубин кој неодамна беше во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.