Одлуката на Србија да купи француски борбени авиони „Рафал“ е нејзин слободен избор, изјави денеска во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Одлуката за купување на 12 француски ловци „Рафал“ е слободен избор на Србија. Тоа е избор на нашите српски пријатели. Секоја земја се води од економски и други анализи при донесувањето на таквите одлуки“, рече Песков.

За време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Србија, потпишан е договор за продажба на 12 нови повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ на Србија за 2,7 милијарди евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.