Кремљ денеска соопшти дека ги поддржува напорите на Србија да ги заштити Србите во северно Косово и ги отфрли обвинувањата на Приштина дека Русија поттикнува тензии со цел да предизвика хаос на Балканот.

Коментирајќи го тврдењето на косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља дека Србија, под влијание на Русија, сака да го дестабилизира Косово, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „не е во ред да се бара деструктивно руско влијание”, пренесува Бета.

Србија е суверена држава и апсолутно е погрешно овде да се бара деструктивното влијание на Русија. Србија е суверена држава и природно е да се заштитат правата на Србите кои живеат во близина во такви тешки услови, исто како што е природно да се реагира жестоко кога тие права се прекршени, рече Песков.

Тој изјави дека Русија, „со оглед на многу блиските сојузнички, историски и духовни односи со Србија, многу внимателно следи што се случува, како се почитуваат и обезбедуваат правата на Србите”.

И, се разбира, го поддржуваме Белград во чекорите што се преземаат, додаде портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.