Русија размислува да изгради руска воена база која ќе извршува различни извидувачки задачи и ќе ја следи животната средина во Србија, смета рускиот воен експерт и историчар Борис Јулин, пренесува lenta.ru, нашироко читан руски портал во сопственост на „Сбербанк“ од 2020 година.

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Русија во Белград, Александар Боцан-Карченко, пишува порталот, зборувал за тоа наведувајќи дека „создавањето руски воени бази во Србија е суверена работа на таа земја“

Освен тоа, додава тој, ова е прашање што ја засега самата Русија.

Што се однесува до заедничкиот хуманитарен центар, тој постои и функционира за одговор на кризи во случај на хуманитарна катастрофа, го цитира Лента.ру Боцан Харченко.

Воениот експерт Јулин наведува дека не е многу јасно какви придобивки ќе има создавањето на воена база во Србија.

Факт е дека базите се наоѓаат во близина на зоните на можни непријателства. Но, во Србија, територијално, ќе биде целосно отсечена од Русија и опкружена од сите страни со земји од ЕУ, а делумно и од земјите на НАТО. Не е јасно како е можно да се концентрираат силите и да се обезбеди база во овој случај, истакнува Јулин.

Единствената можна цел на нејзино создавање, за овој руски воен експерт е „извидувачка мисија и надзор на околината, поточно собирање разузнавачки податоци.

Тој исто така додава дека „Европската унија би можела да почне да ја перципира Србија како веројатен извор на закана во случај на конфликт“, што би имало не многу пријатни последици за Белград.

Претходно српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, потсетува рускиот портал, објавил дека Србија е независна земја и не сака да се меша во конфликтите меѓу Русија и Западот и дека особено не сака да стане „пешадија на НАТО пактот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.