Српскиот писател Душан Недељковиќ чиј син учи во училиштето „Владимир Рибникар“ објасни дека дека од лично искуство знае дека момчето кое го изврши масакрот сериозно вежбал пукање штом толку прецизно пукал кон соучениците.

Бев инструктор за безбедност во ЈАТ 25 години, „упуцана“ рака значи дека тој бил напорно трениран. Јас, на пример, не би можел да имам толку прецизни удари. Син ми објасни дека Урош пукал од 13 метри што е само по себе ненормално. Прво отишол лево кон канцеларијата за историја, пукал во наставничката и додека тој го менувал патронот, некои момчиња скокнале низ прозорците. Девојчињата се сокриле во аголот на училницата, а некои ученици претрчале низ едно од момчињата го турнаа и тој најверојатно го застрелал додека лежел. Неколку куршуми имало во таванот, вели писателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.