Сопругата на косовскиот премиер Албин Курти како експерт била ангажирана да работи на санација на состојбата во една од најголемите српски државни фирми „ЕПС-електро привреда Србије“.
Аухестад Кнудсен е сопруга на Курти. Таа е родена норвежанка и е во брак со косовскиот премиер.
Зборувајќи за својата сопруга, Курти зпроговори за моментот кога се запознале.
Мислам дека животот е донекаде мистериозен и не знаеме каде ќе не одведат брановите. Така ја запознав сопругата во Приштина и излезе дека сум задоволен од тоа каде ме одведоа брановите. Немаме „газда“ во семејството, но имаме некаква самоуправа – изјави Курти во интервју за косовските медиуми.
Рита и Албин имаат ќерка која живее со нејзината мајка во Норвешка.
Ќерка ми зборува и албански и норвешки јазик. На почетокот зборував со Рита на англиски, што и беше чудно, но денес таа ги зборува двата јазика. Таа подобро зборува албански отколку јас норвешки – објасни Курти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.