Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека официјална Бања Лука ќе се обиде да обезбеди финансирање за некои проекти преку инструментите на БРИКС, а не преку европските институции.

Додик порача дека соработката со Новата развојна банка на БРИКС, која покажа интерес за инвестирање во региони надвор од асоцијацијата, може да стане алтернатива на постоечките финансиски инструменти.

Со помош на финансиските алатки, Западот, а особено Соединетите Американски Држави, се обидуваат да влијаат на другите земји. Затоа голем број земји бараат, како алтернатива, наместо укинување на доларот, да се воведе друг механизам за плаќање и порамнување меѓу земјите кои имаат своја валута“, рече Додик.

Тој истакна дека во светски рамки, довербата во доларот е значително намалена, што доведува до развој на процесот на дедоларизација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.