Две жени жртви на трафикинг се ослободени, а девет лица се уапсени во операцијата на грчката полиција, во соработка со службеници од Генералниот секретаријат на Интерпол и полицајци од одделот за борба против трговија со луѓе на молдавската полиција, спроведена во неколку бордели во центарот на Атина, во која беше разбиена мрежа на трговија со жени од странство со цел нивна економска и сексуална експлоатација, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од грчката полиција, мрежата ги принудувала жените на проституција во борделите во нивна надлежност, била активна најмалку од крајот на 2019 година и регрутирала жени од земја од источна Европа, „искористувајќи ја нивната тешка финансиска и семејна состојба“, ги мамеле дека им е обезбедена законска работа во Грција за да патуваат во земјата со сопствена согласност .
По пристигнувањето во Грција, жените се сместувале во стан, во кој што живееле и водечките членови на мрежата, кои ги надгледувале и ги принудувале да плаќаат висока месечна кирија.
Ги принудувале да работат како проститутки во најмалку шест бордели, под изговор дека ќе треба да го платат преголемиот долг, кој жените наводно им го должеле на членовите на мрежата поради нивниот трансфер во Грција.
Поголем дел од приходите од нивните сексуална експлоатација, го задржувале криминалците.
Координирана полициска акција во борделите во центарот на Атина, била спроведена во вечерните часови во петокот на 14 октомври 2022 година, биле уапсени девет членови на мрежата, од кои двајца имале лидерска улога, приведени се седум жени, од кои две биле идентификувани како жртви на трговија со луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.