Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, денеска изјави дека не чувствува одговорност за резултатот на опозицијата на локалните избори во Белград, туку дека одговорноста е на оние кои прифатиле да излезат на избори под постојните услови, јави дописникот на МИА од Белград.
Ѓилас за Н1 изјави дека е „неодговорно“ да се тврди дека во сегашните изборни услови е можна победа на опозицијата во Белград.
-Некои луѓе решија да излезат на гласање и во Белград го гледаме резултатот. Сега нека им ги објаснат резултатите на своите гласачи и организации, рече Ѓилас.
Тој ги отфрли оценките на делот од опозицијата што учествуваше на локалните избори дека со „кампањата за бојкот“ влијаел на резултатот од гласањето во Белград.
-Никој од ССП не повика на бојкот, рековме граѓаните сами да одлучат. Ние не сме за бојкот, туку за одржување вистински избори. Целата опозиција мора да соработува кога станува збор за борбата за изборни услови, но и она што се случи вчера, а што не се избори, треба да биде линија за јасно да се каже дека оние со 0,2 или 0,5 отсто од гласовите не можат да бидат тие кои одлучуваат каква ќе биде политиката на опозицијата, рече Ѓилас.
Тој оцени дека е „поразително“ што не се разговара за изборните услови и „што се украдени гласовите“.
-Со огромен притисок врз гласачите, со купување гласови не можете да победите во Белград. И претходно кажавме, единствена можност за победа во Белград е да се померат изборите на есен, да се среди избирачкиот список, бидејќи вчера претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, кои сигурно не живеат во Белград и не можеа да гласаат, гласаа во Белград бидејќи нивното место на живеење е лажно, рече Ѓилас.
Тој оцени дека СНС „нема мнозинство во Белград“.
-Заклучокот е како ќе излеземе или ќе почнеме да излегуваме од катастрофата во која е доведена оваа земја, да инсистираме на тоа дека гласовите се украдени, да ја продолжиме борбата за изборни услови и да веќе следната година има вонредни избори на ниво на цела Србија, рече претседател на ССП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.