Познатиот белградски сплав „Картел“ потона синоќа во Нов Белград, пришто стотици млади луѓе беа евакуирани од Сава.
Како што јавуваат српските медиуми на драмата претходела тепачка, кога дел од гостите биле исфрлени од страна на обезбедувањето, а мостот што го поврзува сплавот со шеталиштето почнал да попушта.
Утрото по несреќата, на местото на настанот можеле да се забележат предмети на гостите – чизми, клучеви, џемпери, па дури и чанти.
Во текот на истрагата ќе бидат познати сите околности на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.