Албанскиот премиер, Еди Рама, говорејќи на настанот „Пратеник каков сакаме“, меѓу другото се осврна и на последните апсења по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, иако не спомена имиња.

Рама за време на својот говор рече дека денес „албанската политика е во деликатен момент, каде што еден дел е деградиран, па затоа оние со валкани раце се кријат, за да се отвори патот за обновување“.

Чистите раце прават едно, валканите раце друго, отворените едно, скриените друго. Значи, потребна е многу сила, многу внатрешна моќ да не се откажеме, бидејќи политиката во Албанија денес е во момент на деградација, како што е истовремено и момент на преобликување. Тоа е како тело кое поминало низ одредена фаза и сега почнува да се преобликува бидејќи има многу деградиран дел од себе и има внатрешен нагон да се обнови. Социјалистичката партија, има должност да го одложи ова обновување. СП е најстарата и најмладата партија во Албанија, ова е причината зошто СП победи и ќе победи повторно, рекол Рама.

Додал дека да бидеш сила со историја не е слабост, туку многу важен капацитет што можеш да го ставиш на располагање на државата.

Но, кога доминира сила со мината историја, а иднината се гледа низ очите на минатото, тогаш таа сила е застарена. Но, кога една сила со историјата е иднината што доминира во погледот, а минатото се гледа низ очите на иднината, тогаш ова е сила колку стара толку и нова. Напорот ова да се претвори во начин на живеење и начин на соработка со Албанија е неопходен. Имам добри вести, транзицијата во Албанија заврши. Албанија денеска е на маса каде преговара за интеграција во ЕУ, посочил Рама.

За мене, нагласил, минатата недела беше нај историскиот момент откако дојдов на функцијата премиер „историски момент да покажеме што требаше да тргнеме од грб како товар од минатите моменти, да покажеме дека сме сила која може да ја гарантира иднината“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.