Албанскиот премиер Еди Рама најави дека од јуни ќе стапи на сила новото зголемување на платите за администрацијата, а просечната плата во јавниот сектор ќе биде 900 евра.
Рама ова го изјави на синоќешнатаа презентација во Тирана на Планот за мотивација на јавната администрација, кој е дел од националната стратешка цел за интегрирање на Албанија во ЕУ до 2030 година и квалитативно зголемување на капацитетите на државата во служба на албанските граѓани.
Додаде дека допрва треба да се реши прашањето за најниските пензии, бидејќи има значителен број пензионери кои земаат пензија помала од 150 евра. Тој нагласи дека ова е еден од најтешките предизвици со кои се соочува Владата, но и дека меѓународните експерти од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка препорачуваат земјата да се грижи за пензиите.
За промените за администрацијата Рама додаде дека во рок од пет години се планира обновување на административната база и инфраструктурата со која располага земјата.
Државната министерка за јавна администрација и антикорупција, Адеа Пирдени, пак, додаде дека пакетот за мотивирање на администрацијата вклучува, заедно со зголемувањето на платите, флексибилно работно време, евалуација на работата на вработените, како и низа мерки за поддршка на добро извршување на обврските и односот кон нив.
На настанот во албанскиот главен град беше присутен и амбасадорот на ЕУ во Тирана, Силвио Гонзато. Тој изјави дека јавната администрација е клучна за процесот на приклучување на Албанија во европското семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.